Се игра додека судијата не свирне крај – неверојатен победнички гол од половина терен (ВИДЕО)
Во првенството на Србија беше постигнат неверојатен гол од половина терен кој го одлучи победникот на натпреварот помеѓу Црвена Звезда и Југовиќ. На триесетина секунди до крај Југовиќ имаше напад за победа при резултат 31:31. Но во клучниот напад гостите не постигнаа гол, односно голманот на Црвена Звезда одбрани и овозможи контра на својот тим. Отанаа само неколку секунди до крај, тоа добро го забележа Виктор Матиќ кој шутираше од половина терен и постигна победнички гол. Завршните моменти од натпреварот може да ги погледнете во следното видео.