СЕХА се прости од Кристопанс – „џинот“ што постигна 655 погодоци за Татран, Мешков и Вардар! (ВИДЕО)
Десниот бек Даинис Кристопанс пред две години стана најдобриот стрелец на сите времиња во СЕХА лигата, а во претходната и во оваа сезона, само го подобри рекордот кој изнесува 655 погодоци во дресовите на Татран Прешов, Мешков Брест и Вардар. Летонскиот репрезентативец оваа некомплетна полусезона ја мина во Фуксе Берлин, а од лето се сели во францускиот ПСЖ, па медиа тимот на СЕХА направи интересен прилог за збогување...