Сениорките се комплетираат утре, подготвени се за мисијата „бараж за СП“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Тренинг на женска репрезентација

Сениорската женска репрезентација на Македонија ја очекува квалификациски турнир за пласман во баражот за Светско првенство во Шпанија. Селекторот Симе Симовски со новиот асистент Билјана Црвенкоска работат со 19 ракометарки, а утре се приклучува и голманката Матеја Серафимова, која доцни поради лошите конекции со Израел. Ривали на Македонија на турнирот ќе бидат Исланд, Литванија и Грција, а сите три средби ќе се играат од петок до недела во СЦ „Борис Трајковски“ точно на пладне.