СЕДИ ДОМА, ГЛЕДАЈ РАКОМЕТ: Македонско финале во СЕХА среде Загреб – Вардар стана прв шампион! (ВИДЕО)

Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните натпревари на македонските екипи и репрезентации во изминатите години, како и на најинтересните средби од големите натпреварувања. Седете дома и уживајте во ракометните натпревари. За денеска го одбравме натпреварот од финалето на СЕХА лига во 2012 година кога играа Вардар и Металург. Тимот од Автокоманда го водеше Лино Червар, додека на клупата на „црвено-црните“ беше Веселин Вујовиќ. Првата историска титула во СЕХА му припадна на Вардар кој славеше над Металург со 21-18. За Металург играа Стевче Алушовски, Дарко Станиќ, Филип Миркуловски, Наумче Мојсовски, Петар Ангелов, Дејан Манасков, додека боите на Вардар ги бранеа Стојанче Стоилов, Игор Карачиќ, Филип Лазаров, Гоце Ојлески, Илија Абутовиќ, Страхиња Милиќ, Јан Собол....