СЕДИ ДОМА, ГЛЕДАЈ РАКОМЕТ: Првиот натпревар на големите натпреварувања – Македонија против Унгарија на ЕП 98! (ВИДЕО)
Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните натпревари на македонските екипи и репрезентации во изминатите години, како и на најинтересните средби од големите натпреварувања. Седете дома и уживајте во ракометните натпревари. За денеска го одбравме натпреварот од Европското првенство во Италија во 1998 година. Тоа беше прв дуел на Македонија на големите натпреварувања, а ривал ни беше Унгарија, која славеше со убелдиви 29-20. Селектор на нашата репрезентација беше Ванчо Јовановски, а во Мерано играа следните ракометари: Пепи Манасков, Стевче Алушовски, Игор Котевски, Александар Зарков, Иван Марковски, Александар Јовиќ, Томче Петрески, Слободан Николиќ, Душан Новокмет, Урош Мандиќ, Горан Андоноски, Кире Поповски, Драган Богдановиќ, Шандор Ходик, Стефче Стефановски и Данило Брестовац.