„Сакав кариерата да ја завршам на Олимпијада, но ракометот не е сè во животот“

Една од најдобрите ракометари од Црна Гора, која го носи дресот на Ѓер, Катерина Булатовиќ планираше ова да и биде последна сезона во кариерата, а натпреварите на Олимписките игри во Токио последни во кариерата.

Промената на терминот на одржувањето на игрите направи промена и во нејзиниот план така што таа сега е во неизвесна ситуација. Размислувањето и е да остане на одлуката и да не игра повеќе, но прашање е дали настапот на Олимписките игри ќе може да го остави како нешто кое не успеала да го исполни.

„Мислев дека игрите ќе се одржат во август и очекував на нив да ја завршам кариерата. Сепак, на крај на краиштата здравјето на сите нас е најважно. Што е тука е. Не е крај на светот, животот оди понатаму. Разочарана сум и малку тажна, но кога ќе погледнам каква е ситуацијата поради вирусот, одложувањето на игрите е најпаметното решение. Спортистите се тие кои се можеби и најпогодни за ширење на вирусот со оглед на тоа што знаеме дека нашиот систем е изложен на напори, а да се играат вакви игри без навивачи би било катастрофа“.

Вели дека има поважни работи од ракометот, па ова може да биде клучот околу одлуката дали ќе остане на ставот повеќе да не игра или да одигра уште една сезона.

„Искрено, немам размислувано. Мојата глава беше подготвена за крај и мислам дека нема да ја см енам одлуката. Имам 35 години и многу важни работи во план. Ако сè биде како трба би сакала да станам мајка. Многу сум тажна, но не сум размислувала телото повторно да го подготвам за уште еден напор. Ракометот не е сè во животот“, вели Булатовиќ.

Таа има 35 години и вели дека во моментов сака да се посвети на семејството.