[soliloquy id=”124699″]
Саботна „треска“ со танц на последните шампиони од Келн (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Вардар претрпе уште пораз во Лигата на шампионите. Ова беше дуел на шампионите од последните три години, а славеше тимот кој победи во 2018 година. Монпелје беше подобар на теренот така што си заминува од Скопје со заслужена победа. Вардарци не го одработеа она што се очекуваше од нив, па може да жалат за пропуштеното иако и да победеа тоа немаше да им донесе голем плус. Сепак, можеше само да им донесе за самодоверба и за радост на оние фанови кои беа денеска на трибините.