Ристовска за 24Ракомет ТВ: Не ми недостига толку Вардар, колку што ми недостига да сум дома (ВИДЕО)
Една од поискусните ракометарки во репрезентацијата на Македонија, Сара Ристовска се враќа во Русија каде што од следниот викенд продолжува со настапите за ЦСКА Москва во Лигата на шампионите. Во минатите денови таа беше на подготовки со колешките од националниот тим, па тоа беше шанса за да ги пренесе своите искуства со клубот. Таа се потсети на времето кога играше за Вардар, а вели дека и недостига само играњето дома односно да игра во клуб каде што е домашен игра. „Кога играв во Вардар бев дома и домашен играч. Клуб кој е бренд со години. Моментално и не ми недостига толку многу бидејќи овде оставив многу впечаток. Ме почитуваат многу. Не ми недостига толку многу клубот колку што ми недостига да бидам дома и да играм како домашен играч. Сепак, и во Русија се чувствувам како да сум дома“, вели Ристовска во интервјуто за 24Ракомет ТВ. Комплетното интервју можете да го погледнете во видеото.