Рикановиќ: Ова е само почеток, ќе бидеме сѐ подобри и подобри (ВИДЕО) - 24 РАКОМЕТ

Рикановиќ: Ова е само почеток, ќе бидеме сѐ подобри и подобри (ВИДЕО)

Денес со натпреварот меѓу Струга и Еурофарм Пелистер започна јубилејното 50. издание на Струшкиот турнир. Поискусниот тим од Битола го доби натпреварот против домаќинот, со резултат 27-23 (13-12), но екипата на Струга во речиси целиот натпревар рамо до рамо се бореше против искусните „фармацевти“. Новиот голман на Струга, Дејан Рикановиќ имаше одлична партија, натпреварот го заврши со десет успешни интервенции. Голманот од БиХ смета дека со неговите соиграчи ќе бидат уште подобри во следниот натпревар, кој ќе го одиграат на 18 август, а противник ќе биде екипата на АЕК Атина, како и во текот на сезоната која наскоро ќе започне. Целосната изјава на Рикановиќ може да ја погледнете на видеото во продолжение.