Реми рамно на победа, вардарци со селфи од „Боро Чурлевски“ (ФОТО/ВИДЕО)

Актуелниот шампион на Македонија, Вардар обезбеди храбро реми на гостувањето во Битола против составот на Еурофарм Пелистер со голот на Дибиров од пенал за 27:27.

Ова реми значи дека ракометарите на Вардар ќе пренесат бод повеќе во разигрувањето за титулата (доколку победат на сите натпревари до крајот од регуларниот дел од сезоната) и ќе имаат поголема психолошка предност во плеј-оф фазата.

Вардарци денешното реми кое е рамно на победа го прославија со селфи во соблекувалната во „Боро Чурлевски“, а тоа може да се види и од фотографијата и од видеото.