Раул не заборавил македонски јазик – знаеме се за Келце, но и тие знаат се за нас (ВИДЕО)

Стратегот со кој Вардар ја освои првата титула во Лигата на шампионите, Раул Гонзалес, по пауза од една сезона одново е во Келн. Ниту по пет години од заминувањето од Скопје, Шпанецот не заборавил да зборува македонски јазик. Сега ќе се обиде на францускиот ПСЖ да му ја донесе првата титула во елитното натпреварување. Тој вели дека нема тајни меѓу неговиот тим и Келце, меѓу него и Талант Душебаев, па нема рецепт за победа. Целосната изјава на македонски погледнете ја во видео прилогот...