Ракометното шоу за кое зборува цела Хрватска: Кај Ќамила на фотелја (ВИДЕО)

Женската репрезентација на Хрватска е голем хит во досегашниот дел од Европското првенство, а покрај со добрите игри, ракометарките го привлекоа вниманието и со шоуто „Кај Ќамила на фотелја“. Одлична идеја на Хрватскиот медија тим, кој во улога на домаќин-водител ја стави најпознатата хрватска ракометарка Ќамила Мичијевиќ. Од фотелјите во фоајето на хотелот во Данска, Ќамила поставува интересни прашања на своите соговорници. Кратките видео емисии одат на фејсбук каналот на ракометниот сојуз, а за кратко време достигнаа голема популарност. Погледнете дел од епизодите со селектор Шоштариќ, неговиот асистент Петика, ракометарките Блажевиќ и Крсник.....