Ракометарките на Шиофок со „дрва и камења“ по унгарската федерација: НЕ Е ФЕР! (ВИДЕО)
Ракометната федерација на Унгарија означи крај на првенството и беше одлучено за сезонава да не се прогласат шампиони ниту во машка ниту во женска конкуренција. Се претпоставува дека учесниците во европските натпреврувања ќе бидат според резултатите од претходната сезона. Ракометарките на Шиофок не се согласуваат со оваа одлука бидејќи екипата во моментов е на втората позиција на табелата и има реални шанси да обезбеди директен пласман во Лигата на шампионите. Додека според резултатите од минатата сезона би играле повторно во ЕХФ купот. Ракометарките снимија видео во кое го кажаа својот став, а тоа е „не е фер“.