Ракометарите на Мешков Брест се подготвуваат за Евровизија (ВИДЕО)

На ракометарите на Мешков Брест не им оди најдобро кога е во прашање битката за пласман на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите бидејќи никако не успеваат да се пласираат. Сепак, најдоа интересен начин како да се промовираат. По повод успесите кои ги имаа сезонава направија песна и видео клип за истата. Под наслов „Во чест на историската сезона“ тие направија убава промоција. Дефинитивно ракометарите се имаат претставено во одлично светло и се подготвени за настап и на Евровизија како претставници на Белорусија.