Ракометарите на Келце станаа професори по странски јазици! (ВИДЕО)

Во време кога сите најчесто времето го минуваат на интернет, медиа тимот на полскиот тим Келце започна со интересна емисија „Учиме странски јазици“. Сите интернационалци од полскиот првак кои сега не тренираат, имаат задача да ги научат полските навивачи на основите на јазикот од земјата од која доаѓаат. Во првата емисија се учеше шпански со „професорот“ Анхел Фернандез, а во следните денови ќе „предаваат“ Агинагалде и браќата Душебаеви. Ромарик Гујо ќе предава француски, Вулф германски, додека Дорук Пеливан турски, а Кулеш и Каралек - белоруски.