{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 80Ракометарите на Радовиш ја остварија најважната победа во плеј-аутот од Суперлигата. На гостински терен беа подобри од составот на КЛ7 со 23-24. Предводени од голманот Славјан Паунов, избраниците на Андон Бошковски, во последните осум меча забележаа седум триумфи. За Радовиш останува само уште дуелот со Астраион на гости, додека КЛ7 ќе игра против Работнички, па реалност е дека радовишани ќе го освојат најмалку третото место и ќе играат бараж за опстанок во Суперлигата.