Лазаров и борците подготвени, нишаните наострени – нека дојде светскиот првак (ФОТОГАЛЕРИЈА)

мак. репрезентација тренинг

Машката ракометна репрезентација на Македонија ја чека двомеч од квалификациите за Европското првенство во Унгарија и Словачка, против светскиот првак Данска. Избраниците на Кире Лазаров вечерва го имаат последниот тренинг пред утрешниот двобој. Првиот натпревар меѓу Македонија и Данска се игра утре од 20:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, додека вториот дуел е во Алборг, на 14 март в недела во „Гигантиум Арена“ од 16:00 часот.