По 14 години, Македонија повторно ќе биде домаќин на Европско првенство во сениорска конкуренција.
По женското ЕП во 2008 година што се играше во Охрид и во Скопје, Македонија заедно со Словенија и Црна Гора ќе биде домаќин на ЕП што ќе се игра оваа година.
Македонија ќе биде домаќин на една група од прелиминарната фаза, како и на една група од главната рунда.
За разлика од 2008 година кога се играше во СЦ „Борис Трајковски“, натпреварите на ова ЕП ќе се играат во СЦ „Јане Сандански“
Континенталниот собир, на кој за последен пат настапуваат 16 репрезентации, ќе се игра од 4 до 20 ноември годинава во Скопје, Целје, Подгорица и Љубљана.
Една од амбасадорите на континенталниот собир кон крајот на годинава ќе биде пејачката Сенида.