Промовирана „БОРБА“ – официјалната химна на ЕП (ВИДЕО)
Денеска беше промовирана официјалната химна на Европското првенство што ќе се игра во јануари следната година во Унгарија и Словачка. Таа е насловена „Борба“, а автори и изведувачи се Ружа и Кристиан Шакос. Машката репрезентација на Македонија ќе биде дел од големиот настан и ќе игра во групата А во Дебрецен против Словенија, Данска и Црна Гора.