Екипата на Татран Прешов го заврши натпреварувањето во Лигата на шампионите во групната фаза па во преостанатиот дел од сезоната ќе се посвети на домашното првенство и СЕХА лигата. Божиќните празници тие ги искористија да направат некои промени во тимот.
Францускиот интернационалец Огњен Ѓериќ на завршниот натпревар од првиот дел на сезоната во Словачка го одигра својот последен меч за Татран. 26-годишниот ракометар го напушта клубот со спогодбено раскинување на договорот. Пикерот во Татран пристигна од Сен Рафаел, но неговиот претстој во Словачка беше краток.
Русинот Роман Царапкин го продолжи договорот со Татран и ќе остане уште една година во екипата. Договорот му истекуваше на крајот од оваа сезона, но тој и клубот порано се договорија за соработка на уште една сезона. Левиот бек од Русија го носи дресот на словачкиот тим од 2016 година, а пристигна од екипата на Чеховски Медведи и е еден од главните играчи во одбраната.
Татран Прешов е лидер во домашното првенство со 13 победи и еден пораз и четири бода предност пред најблискиот конкурент. Во СЕХА лигата тимот од Словачка ќе игра против Спартак Москва, а ако ја оправда фаворитската улога во четвртфиналето ќе се сретне со Загреб.