понеделник, септември 8, 2025

Проектил преку живиот ѕид за триумф, Парондо се радуваше против „лавовите“ (ВИДЕО)

Екипата на Мелсунген која ја предводи Роберто Парондо триумфираше во 13. коло од Бундес лигата против Рајн Некар со 25:24 со погодок на истекот на времето. Резултатот беше 24:24 и Мелсунген имаше напад, но не успеаја да шутираат и остана време само да изведат удар од девет метри. Јулиус Кун го изведе ударот преку живиот ѕид на Рајн Некар и погоди во аголот што беше неодбранливо за противничкиот голман. Мајсторскиот удар на Кун може да го погледнете во следното видео.