Проектил на новата битолска надеж – Ана Марија Талева распали од голема далечина (ВИДЕО)

По Емилијана Ризоска, која веќе стигна и до сениорската репрезентација на Македонија, тимот на Феникс од Битола промовираше уште едно име што заслужува внимание од ракометната јавност. Станува збор за бекот Ана Марија Талева, која на последниот натпревар од Купот против Чаир постигна 15 погодоци, а еден од нив беше вистински проектил од голема далечина. Погледнете...