Проблем за Вардар – се повреди Дарко Ѓукиќ! (ВИДЕО)
На натпреварот против Прилеп, кој македонскиот шампион Вардар го доби убедливо со 34-19, се повреди десното крило Дарко Ѓукиќ. При еден напад на „црвено-црните“, српскиот репрезентативец при еден доскок незгодна падна и го повреди десното колено. Мораше да интервенира лекарската екипа, по што тој беше изнесен од теренот на рацете на соиграчите. Допрва ќе биде познато за каква повреда се работи и колкава пауза го чека Ѓукиќ.