Пристигна и кубанското засилување за Вардар – Родригез се „чекираше“ во Скопје (ФОТО)

Кубанскиот репрезентативец Ансер Родригез од вчера е во Скопје и ќе се приклучи на подготовките на двократниот европски првак Вардар.

21-годишниот лев бек, доаѓа во Скопје со трофеј од Централноамериканските игри, каде со Куба освои злато.

Последната сезона Родригез ја мина во португалската Брага, а во Португалија играше уште и за Спортинг Лисабон и Портимоненсе.

Родригез може да игра и на средната бековска позиција и на левата крилна, па тренерот Владо Недановски добива ол-раунд ракометар во ростерот.

Претходно Вардар ги промовираше левото крило Марко Срдановиќ и левиот бек Стефан Петриќ, а другите три засилувања – Николиќ, Јашухира и Мело исто така тренираат со тимот.

Вардарци кон крајот на август и почетокот на септември ги очекува двомеч со бундеслигашот Рајн Некар Левен од квалификациите за Лигата на Европа.