ПРЕСИНГ: Кацига на глава и издржете ги ударите!

Овој пораз треба да не заинтригира сите нас кои работиме во ракометот, да се прашаме дали сме сработиле доволно во минатото. Лесно е сега од комфорот на своите домови да коментираме и да критикуваме (оправдано). Овој пораз(начинот на кој загубивме) треба да биде опомена за сите нас дека и после Кире ќе треба да има ракомет кај нас.

Пораз како пораз од Египет е прифатлив овој момент, меѓутоа начинот на кој се изгуби е загрижувачки. Односот кон репрезентативниот и национален дрес е под секој критериум. Залудни беа сите ветувања од страна на нашите репрезентативци после поразот од Шведска дека ќе се изгине на терен.

Пораз што го доведува во прашање и последниот натпревар од групата против Чиле. Лошите изданија на нашиот национален тим, можат дополнително да ја подигнат самодовербата и мотивот кај репрезентативците на Чиле и да го стават во заборав пријателскиот двомеч пред почетокот на првенството. Сепак тоа ќе биде еден натпревар кој ќе одлучува за понатамошниот тек на СП.

Во овој момент е тешко да си Македонец во Египет. Оправдани критики до нашата репрезентација ќе пристигнуваат од сите страни, едноставно треба да се стави кацига на глава и да се примаат сите удари, колку и да се тешки во овој момент.

Жално беше да се гледаат загрижените лица на Кире, Столе, на клупата за резервни играчи. Овој пораз треба да не заинтригира сите нас кои работиме во ракометот, да се прашаме дали сме сработиле доволно во минатото. Лесно е сега од комфорот на своите домови да коментираме и да критикуваме (оправдано). Овој пораз(начинот на кој загубивме) треба да биде опомена за сите нас дека и после Кире ќе треба да има ракомет кај нас.

 

Што се однесува до самиот натпревар против Египет, повторно бледо издание на нашиот тим. Само во воведните минути од натпреварот бевме рамноправен противник. Овој пат искра на надеж даде Филип Кузмановски со неговите два гола. Пробивен помеѓу „еден и два“, како што тоа умее најдобро да го прави.

Меѓутоа во одбраната иста слика. Почнавме со 6:0, со Талевски и Мишевски на средината. За некој кој е критикуван дека не направил ниту еден фаул во претходниот меч, очекував по фајтерски пристап од нашите репрезентативци, за разлика од повторното бледо издание во одбрана.
Тоа резултираше со промена после 6-7 мин со Марковски и Талевски на средина. Марковски во овој момент делува преспоро и после првото вкрстување „пукавме “ на средината. Црвениот картон на Филип Кузмановски беше повеќе од невнимание, отколку некој груб старт кој требаше да го застраши противникот.

Во нападот не ја ценевме доволно топката. После второто вкрстување веднаш шутиравме на противничкиот гол. Трите промашени шута на Филип Кузмановски, еден на Лазаров, зицерот на Цветан Кузмановски, доведоа до предност од 10:3. Она што делува беспрекорно во нашиот напад е играта со играч повеќе, што и денес даде резултат и со серија 3:0, намаливме на 10:6.

Потоа продолжи неинвентивниот наш напад и премлаката одбрана, што резултираше со серија од 9:0 за Египќаните. Во тој период немавме игра 2 на 2 во напад, место тоа имавме многу нерезонски, избрзани шутеви, споро враќање назад. Во одбрана не добивме ниту еден дуел.

Истата слика продолжи и второто полувреме, за највисоки 20 разлика во 40-та минута. Во тој момент прекинав со гледање на натпреварот и се префрлив на Русија-Словенија.

П.С.
Честитки за нашите одбојкари за пласманот на Европското првенство !!!