ПРЕКИН во Автокоманда – Тарабокија на носилки изнесен од теренот (ВИДЕО)

На натпреварот меѓу Металург и Еурофарм Пелистер 2 имаше прекин од десетина минути. Во 10. минута од мечот при еден напад на домашниот тим, Марко Тарабокија заработи повреда. По еден старт на Арсеновски, Тарабокија падна многу лошо и веројатно заработи повреда на раката. По десет минутниот прекин, босанскиот интернационалец беше изнесен од теренот на носилки, а во текот на денот ќе се знаат повеќе детали за повредата...