Пред 22 години во Египет – Погледнете го деби голот на Лазаров во дресот на Македонија (ВИДЕО)
Кире Лазаров досега има постигнато 1707 погодоци за националниот тим на 238 одиграни натпревари. Еден од најдобрите десни бекови во историјата на ракометот, своето деби на големите натпреварувања го имаше на СП во Египет во 1999 година, а сега по 22 години повторно се враќа во земјата на фараоните. На првиот натпревар од групната фаза во 1999 година, кога Македонија ја забележа првата и последна победа на тој Мундијал, против Саудиска Арабија со 28-21, Лазаров го постигна последниот гол на дуелот, што беше негов прв на големо натпреварување во сениорскиот дрес.