Прв интернационален предизвик: Александра Боризовска се сели во Хрватска

Капитенот на тимот на Куманово, Александра Боризовска, во новата сезона ќе го има првиот интернационален предизвик во кариерата.

Средниот бек на носителот на двојната круна во Македонија, ќе заигра во хрватскиот тим Умаг, кој заврши на третото место зад Подравка и Локомотива Загреб.

Нејзиниот нов тим иако имаше обезбедено место во Европскиот Куп, сепак се откажа од настап на меѓународна сцена и ќе се концетрира на натпреварите во хрватските конкуренции.

Македонската репрезентативка долги години беше носител на играта на Куманово, кое сега ќе мора да бара квалитетна замена за капитенот.

Покрај Боризовска, од составот на Куманово замина и пикерот Медеа Чокели, а засилување е левото крило Пена Граматова.