Со натпреварите од 1. коло кои би требало да бидат одиграни в недела стартува есенскиот дел од сезоната во Првата машка лига, но системот за натпревари претрпе измени и место 14 ќе бидат одиграни само седум кола.
Распоредот останува ист, но средбите ќе се играат турнирски. Секое коло ќе биде во еден град, па оттаму во Групата Б натпреварите стартуваат во Скопје каде домаќин ќе биде дебитантот во Првата машка лига, Скопје 2020.
И следното 2. коло се игра во Скопје, но на 10 октомври кога организатор ќе биде екипата на Металург РА, додека Делчево е домаќин на 3. коло. Одново во Скопје ќе се игра во 4. коло.
Натпреварите од 5. коло се играат во Куманово, додека следното е во Гевгелија, каде домаќин е тимот на Партизан. Финишот ќе биде во Неготино кај екипата на Вардар Неготино.
Ждрепката не го посака Текстилец, па овој тим е единствениот кој нема да биде домаќин на некој од турнирите.