Португалците се израдуваа на победа, но на сцена стапија сестрите Бонавентура и ВАР системот (ВИДЕО)

Првиот натпревар од главната рунда на СП меѓу Португалија и Бразил заврши реми, 28-28, а израмнувачкиот гол на „кариоките“ беше постигнат по истекот на времето од пенал. Португалците прославија победа, но судиите Бонавентура по прегледувањето на снимката по истекот на времето им доделија црвен картон на Португалците (Алексис Боргес) и седмерец на играчите на Бразил. Боргес го прекрши правилото кое вели дека во последните 30 секунди, доколку играчот го попречува изведувањето на слободен удар на противникот, добива црвен картон и пенал за ривалот....Фото: ТВ2 Спорт