Ракометарите на Пролет очекувано дојдоа до триумф на гостувањето кај Вардар јуниор, а во текот на целиот меч беа во предност која на крајот беше 11 гола со конечни 38:27.
Домашните беа во негатива од почетокот на средбата и најмногу што успеваа во текот на средбата беше да намалат на еден погодок. Уште од стартот на дуелот се виде дека гостите се во предност и тие постојано го зголемуваа водството.
Сепак, на одмор се замина со три гола разлика од 18:15, а оваа предност во вториот дел беше брзо зголемена за да се дојде до сигурно водство кое гарантираше мирна завршница.
Ласко Андоновски и Мартин Поповски заедно постигнаа 21 гол и беа голем проблем за младите вардарци така што тука лежеше причината за победата на Пролет на овој дуел. Сите обиди на Вардар јуниор во завршницата не дадоа резултат, па мораа да се помират со нов пораз.
Пролет, пак, останува и понатаму во трка за висок пласман така што продолжува во одличен ритам, а после паузата поради ЕХФ неделата ќе следува дерби дуел против тимот на Бутел Скопје кој треба да се одигра во салата „Македонско сонце“.
ВАРДАР ЈУНИОР – ПРОЛЕТ 27:38 (15:18)
Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Гледачи: 200. Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп. Делегат: Ацо Николовски од Скопје.
ВАРДАР ЈУНИОР: Гогов, Анѓеловски, Јанковски, С. Чакалиќ 2, Гашовски, Јакимовски, Димевски 2, Карапалевски 5, Х. Чакалиќ, Андоноски 1, Анѓелковски, Крстевски 8, Трајковски, Атанасовски 1, Ќосевски 7, Дука 1.
Седмерци: 1/3, Исклучувања: 14 мин.
ПРОЛЕТ 62: Кизиќ, Коруновски, Кристо, Василевски 5, Аларов 2, Поповски 11, Давитковски 1, Манев, Додевски 2, Андоновски 10, Џонов 3, Мајнов 2, Дамчевски 1, Блажевски, Стојановски, Игнов 1.
Седмерци: 5/5, Исклучувања: 10 мин.