Полјаците се жалат за голот на Косоротов, имаше ли чекор повеќе? (ВИДЕО)

Голот што го постигна Сергеј Марк Косоротов на селекцијата на РУсија и донесе реми против Полска од 29:29, но после натпреварот коментарите се дека имало чекор повеќе пред шутот така што за голот се смета дека не е регуларен. Сепак, ова само ќе остане како момент за кој може да се жали бидејќи Полска имаше победа, а ја загуби, додека Русите дојдоа до бод со гол од речиси 15 метри. Погледнете и заклучете сами. Имаше или не чекори при овој шут.