Полната „Автокоманда“ не му помогна на Чаир, шанса за поправен ќе има во Израел (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Чаир – Макаби Аразим Рамат Ган

Екипата на Чаир загуби од израелскиот состав Макаби Аразим Рамат Ган со 33-30 во првиот натпревар од третата рунда на Европскиот Куп. Чаир тргна добро во полната „Автокоманда“, но во финишот на првиот дел влегоа домаќинките во серија грешки, кои беа казнети со лесни голови од контранапад на гостинките. Во вториот дел Чаир беше подобар во нападот, но одбраната повторно дозволуваше лесни погодоци и на крајот нашиот тим мораше да се помири со пораз. Најдобри стрелци во составот на Чаир беа Гулицоска со 14 погодоци, Николовска која даде шест без промашување, како и Џакмиќ со три погодоци. Кај Макаби Аразим се истакнаа руските интернационалки Хавронина и Лубјанаја со по шест гола. Реванш средбата меѓу Макаби Аразим и Чаир ќе се игра во сабота, на 10 декември од 18:00 часот.