Женската младинска репрезентација на Македонија денеска го игра првиот натпревар на Европското првенство во Романија.
Ривал на избраничките на Јулијана Дамчевска е селекцијата на Црна Гора, а веќе се познати и составите на двете селекции.
Македонија ќе биде без повредената Александра Коловска на овој натпревар и на сите до крајот на ЕП, додека Црна Гора е комплетна, односно во најсилниот состав со кој допатува во Романија.
Натпреварот меѓу Македонија и Црна Гора се игра вечерва во Миовени со почеток во 18:45 часот, а судии се Италијанците Симоне и Монитиљо.
Во нашата група се уште Данска и Чешка.