Унгарскиот вицепрвак не може да крене глава од коронавирусот. Откако беа одложени натпреварите против ПСЖ и Вардар, најверојатно ќе има и трет одложен дуел на тимот на ПИК Сегед.
Само што почнаа да се комплетираат и да играат натпревари (загубија кај Келце, Мешков Брест и Порто), одново ќе мораат во карантин.
По последните тестирања, во ПИК Сегед има уште три нови позитивни случаи на коронавирус.
Унгарскиот тим ги известил Мешков Брест и Фленсбург за новата ситуација, како и ЕХФ, која најверојатно ќе го одложи натпреварот меѓу ПИК Сегед и германскиот тим.