Петровски со одлична партија во осминафиналето од Европскиот Куп

Екипата на Јуниор Фасано, во која настапува македонскиот интернационалец Дарио Петровски, во првиот осминафинален дуел од Европскиот Куп против Сесвете од Хрватска доживеа минимален пораз од 35:34.

Битолчанецот беше меѓу најдобрите играчи во италијанската екипа, постигна шест погодоци и подели неколку асистенции кон своите колеги.

Реванш дуелот меѓу Јуниор Фасано и Сесвете ќе се одигра на 19 февруари во Загреб. Петровски и колегите доколку сакаат пласман во четвртфиналето од Европскиот Куп ќе мора да победат со два гола разлика, или пак со еден, па така патникот во четвртфиналето би се одлучувал на пенали.

Во останатите осминафинални дуели, српскиот шампион и учесник во СЕХА лигата, Војводина веќе со една нога ќе наоѓа во четвртфиналето, откако во првиот дуел против Арендал триумфираше со 42:29.

Добра предност пред реванш натпреварот направи и екипата на Рунар, која славеше против Рико Рибница со 38:29. Вториот словенечки претставник во Европскиот Куп, Горење Велење во дуелот против Анартозис Фамагуста триумфираше со пет гола разлика, 31:26.

ЕВРОПСКИ КУП, ОСМИНАФИНАЛЕ

РЕЗУЛТАТИ

ЈУНИОР ФАСАНО – СЕСВЕТЕ 34:35 (16:16)

РУНАР – РИКО РИБНИЦА 38:29 (21:15)

БИСТРИЦА – НАЕРБО 34:35 (17:17)

КАРВИНА – ПАНЧЕВО 30:22 (16:13)

ФАМАГУСТА – ВЕЛЕЊЕ 26:31 (13:11)

ДУКЛА ПРАГА – ВАКЕР ТУН 28:26 (16:13)

ВОЈВОДИНА – АРЕНДАЛ 42:29 (22:17)

РАМАТ ХАШАРОН – АЛИНГСАС 21:31 (6:12)