Пеколни 60 секунди во Кавадарци, два гола и испуштена шанса за победа (ВИДЕО)
На средбата меѓу ГРК Тиквеш и Радовиш немаше победник откако дојде до реми од 25:25, а последните 60 секунди минаа со големо возбудување. И двете екипи имаа свои шанси, но на крајот мораа да се задоволат со бод. Симиќ донесе водство за Тиквеш, но Стојановски израмни, а потоа за краткото време не се случи ништо за да се дојде до нешто повеќе односно некој да дојде до победа.