„Пантерот“ беше нерешлива загатка за пелистерци – им фати четири седмерци! (ВИДЕО)
По триумфот во Супер Купот, Вардар го совлада Еурофарм Пелистер и во Супер лигата, овојпат со 30-25. Еден од најдобрите поединци на „црвено-црните“ беше голманот Мартин Томовски, кој имаше 14 одбрани, а од нив четири беа удари од седум метри. Голманот на Вардар им одбрани по два пати на крилата Цветан Кузманоски и Богдан Радивојевиќ. Погледнете....