Екипата на Еурофарм Работник денеска го совлада Кокс со 31:30 во 4. коло од Лигата на шампионите и конечно успеа да дојде до првите два бода кои се историски за клубот.
Сите ракометари се расположени после остварениот триумф, а капитенот Гоце Ојлески беше првиот кој коментираше пред камерата на 24 Ракомет ТВ.
„Конечно успеавме да го скршиме мразот во Лигата на шампионите. Повторно беше тензично на крајот, но овој пат имавме среќжа и мислам дека заслужено дојдовме до победата“, изјави Ојлески за 24 Ракомет ТВ.
Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.