Охриѓани најдоа лек за жилавиот Голден Арт (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Охрид – Голден Арт

 

Охрид ја оствари првата победа на турнирот „Крсте Андоновски - Усташ“ и останува во игра за едне од трофеите иако против себе имаа жилав ривал кој „пристискаше“ во текот на целиот меч. Скопскиот тим покажа жилавост и мотив, одигра одлично, а Охрид покажа смиреност и прецизност во решавачките моменти. И покрај падовите во играта Охрид победнички продолжува на турнирот. Голден Арт има материјал што треба да им донесе успех во иднина.