ОХРИД 2023: Словаците и Турците дојдоа на „охридско“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

 

Бешикташ и Татран пристигнување

Меѓународниот карактер на турнирот „Крсте Андоновски - Усташ“ годинава го збогатија четири екипи, а две веќе пристигнаа покрај Охридско Езеро. Словачки Татран Прешов и Бешикташ Истанбул се меѓу фаворитите за висок пласман во Охрид. Турците први го отвораат турнирот и утре во 11 часот играат Со Голден Арт, додека Татран во вечерниот термин за ривал ја има Металопластика.