На 27 и 28 август, раководството на Охрид ќе го организира првото издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски – Усташ“ во чест на некогашниот ракометен стратег кој има оставено голем белег во охридскит, македонскиот и југословенскиот ракомет.
Покрај домаќинот Охрид, на турнирот ќе играат уште две екипи од Македонија и една екипа од странство.
Станува збор за Тиквеш и Пролет, додека гостин од Србија ќе биде составот на Партизан. На 27 август ќе се одиграат двата полуфинални натпревари, а паровите ќе бидат одредени со ждрепка. На 28 август треба да се одиграат мечот за третото место и финалниот натпревар.
Охриѓани најавуваат дека овој меморијален турнир ќе прерасне во традиција и ќе биде последна проверка за македонските екипи пред стартот на сезоната.