Машките квалификации за Олимписките игри во Токио ќе донесат големи возбудувања особено во групите каде што ќе има по три селекции од Европа.
Норвешка доби најлесна задача откако Шпанија и Египет директно се пласираа во Токио, па имаат полесни ривали и две селекции од Јужна Америка и една од Азија.
Затоа, пак, Франција ќе мора против Португалија која и пресуди на последното Европско првенство. Во истата група е и сребрената Хрватска, која е прв ривал на триколорите.
Воедно и во групата 3 каде што се Германија, Шведска и Словенија нема да биде лесно и ќе има доста возбудувања така што нијанси ќе решаваат во овие две групи за двете репрезентации кои ќе се пласираат на Олимпијадата.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ОИ 2020 (МАЖИ)
ГРУПА 1 (НОРВЕШКА. ТРОНДХАЈМ)
1.КОЛО (ПЕТОК, 17 АПРИЛ)
ЧИЛЕ – ЈУЖНА КОРЕЈА
НОРВЕШКА – БРАЗИЛ
2.КОЛО (САБОТА, 18 АПРИЛ)
НОРВЕШКА – ЧИЛЕ
БРАЗИЛ – ЈУЖНА КОРЕЈА
3.КОЛО (НЕДЕЛА, 19 АПРИЛ)
ЈУЖНА КОРЕЈА – НОРВЕШКА
БРАЗИЛ – ЧИЛЕ
ГРУПА 2 (ФРАНЦИЈА, ПАРИЗ)
1.КОЛО (ПЕТОК, 17 АПРИЛ)
ТУНИС – ПОРТУГАЛИЈА
ФРАНЦИЈА – ХРВАТСКА
2.КОЛО (САБОТА, 18 АПРИЛ)
ФРАНЦИЈА – ТУНИС
ХРВАТСКА – ПОРТУГАЛИЈА
3.КОЛО (НЕДЕЛА, 19 АПРИЛ)
ПОРТУГАЛИЈА – ФРАНЦИЈА
ХРВАТСКА – ТУНИС
ГРУПА 3 (ГЕРМАНИЈА, БЕРЛИН)
1.КОЛО (ПЕТОК, 17 АПРИЛ)
СЛОВЕНИЈА – АЛЖИР
ГЕРМАНИЈА – ШВЕДСКА
2.КОЛО (САБОТА, 18 АПРИЛ)
ГЕРМАНИЈА – СЛОВЕНИЈА
ШВЕДСКА – АЛЖИР
3.КОЛО (НЕДЕЛА, 19 АПРИЛ)
АЛЖИР – ГЕРМАНИЈА
ШВЕДСКА – СЛОВЕНИЈА.