Окупација на Стокхолм – илјадници Хрвати отпатуваа во шведската престолнина (ВИДЕО)
Хрватска и Шпанија денеска во „Теле 2 Арена“ во Стокхолм од 16:30 часот ќе го одиграат финалето на Европското првенство. Капацитетот на салата е 22.500 гледачи за ракометни натпревари, а најмалку 70% ќе биде исполнета со хрватски навивачи. Илјадници Хрвати веќе отпатуваа за шведската престолнина, а некои патуваат и денеска не само од Загреб, туку и преку Белград, Будимпешта, Скопје, Виена...