Обрадовиќ распали од 13 метри, го изненади Томовски (ВИДЕО)
Еурофарм Пелистер и Вардар играа израмнет натпервар во дербито од Супер лигата. Иако во поголемиот дел од првото полувреме Вардар имаше предност сепак на паузата е нерешено 11:11. Најзаслужен во завршните моменти за ваквиот резултат беше Немања Обрадовиќ кој после примениот гол на неговата екипа со брз центар веднаш упати удар од 12-13 метри и го совлада Томовски со што го постави конечниот резултат на полувремето. Голот погледнете го во следното видео.