Обрадовиќ за 24Ракомет ТВ: И во Белорусија ракометот е популарен, но во Македонија е друга димензија! (ВИДЕО)
Српскиот репрезентативец Немања Обрадовиќ ова лето го засили тимот на Мешков Брест, откако мина две сезони во полскиот тим Висла Плоцк. Обрадовиќ вели дека победата на Вардар е потполно заслужена, и дека ќе биде тешко за белорускиот првак да ја мине групата. „Вардар играше одлично. Публиката овде е една од најдобрите во светот, тешко е да се игра, ние направивме многу грешки и Вардар ја заслужи победата. Во Белорусија ракометот е популарен, но во Македонија тоа е некоја друга димензија“, вели Обрадовиќ за 24Ракомет ТВ.