Новиот суперлигаш Прилеп се обидува да склопи конкурентен состав пред стартот на новата сезона во елитното друштво.
Најновото засилување за тимот предводен од Горан Кузманоски е левиот бек Даниел Андоновски.
Синот на некогашниот репрезентативец Горан Андоновски, во Прилеп доаѓа по една сезона одиграна во тимот на Вардар Јуниор.
Прилепчани претходно се засилија со четворица грузиски репрезентативци, меѓу кои и искусниот Реваз Чантурија, средниот бек Филип Чурлевски, а во матичниот клуб се врати и Давор Шокоски.
Прилеп денеска ќе го започне настапот на Струшкиот турнир со натпревар против домаќинот.