Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски, го одигра најдобриот натпревар во Бундес лигата во дресот на Лудвигсхафен.
Тој во триумфот на Лудвигсхафен над Ерлангенс о 19-24, успеа да собере 17 интеревенции со 50% успешност.
Овој настап на новиот вардарец му го донесе првото место меѓу голманите според индексот на корисност ова коло. Македонскиот „пантер“ има индекс на корисност 189, додека втор е Небојша Симиќ со 145.
Овој индекс се пресметува според повеќе параматери – одбраните од контранапади, одбрани од шест метри, одбрани од девет метри, одбрани од седмереци. Според претходно утврдениот критериум се вреднуваат сите одбранети удари и се добива индексот на корисност.