Ни црвен картон не е доволен – брутален старт за во затвор! (ВИДЕО)
Во натпреварот од квалифкациите за Светското првенство помеѓу Унгарија и Израел беше направен и еден од најгрубите стартови оваа сезона на ракометните терени. На средина од полувремето ракометарот на Израел, Јозеф Апо направи старт по кој заработи заслужен црвен картон. Додека противничкиот ракометар Eгон Хануш беше во налет кон голот Апо влезе грубо во дуелот и го удри со лакт, па сосема исправна беше одлуката на арбитрите да го испратат на „ладење“. Израел на крајот го загуби натпреварот со Унгарија со 31:22.