Николиќ за 24Ракомет ТВ: Вардар е големо име, едвај чекам да заиграм пред 5.000 навивачи! (ВИДЕО)
Ракометарите на Вардар, моментално, во Маврово ја одработуваат првата фаза од базичните подготовки. Некогашниот шампион на Македонија во своите редови има неколку нови лица, меѓу нив е средниот бек од Србија, Матија Николиќ. 22-годишниот ракометар, кој во последните три сезони настапуваше во словенечкиот шампионат каде го носеше дресот на Шкофја Лока, во разговор за 24Ракомет зборуваше за неговото стекнато искуство во Словенија, за првите импресии од својот престој во таборот на „црвено-црните“, неговите очекувања во новиот предизвик, квалификациите со Рајн Некар...Целиот разговор можете да го погледнете на видеото во продолжение...